Орбан: Унграија ниту барала, ниту ќе бара помош од некого, Зеленски нека си бере гајле за војната на неговата улица?!

Политика, Свет

Украина не ја брани Унгарија од никого, му порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот украинскиот колега, откако беше обвинет дека „ја поддржува Русија“ со блокирањето на пристапните преговори на Украина со Европската Унија.

Орбан вели дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо на Киев.

– Украина не ја брани Унгарија од никого. Ние тоа не сме го барале, ниту ќе го бараме. Безбедноста на Унгарија ја обезбедуваат нашите сили и НАТО, чија Украина, за среќа, не е членка – истакна Орбан.

Зеленски претходно во интервју изјави дека Украина ја штити цела Европа од Русија.

– Не мислам дека треба нешто да му понудам на Виктор Орбан. Орбан треба нешто да ѝ понуди на Украина, која ја штити цела Европа од Русија. Дури и сега, за време на војната, не добивме никаква поддршка од него – додаде украинскиот лидер.

Меѓутоа, Орбан повтори дека ќе се спротивстави на влезот на Украина во ЕУ.

– Унгарија не поддржува и нема да поддржи пристапување на Украина, бидејќи тоа би донело војна во Европа и би го земало парите на Унгарците за Украина – рече тој, додавајќи дека за Киев би сакал статус на „стратешки партнер“, а не членка на Унијата.

Според Орбан, Будимпешта веќе дала приближно стотици милиони евра хуманитарна помош и продолжува да ѝ испорачува на Украина гас и електрична енергија.

Односите меѓу двете земји се влошија по летните напади на Украина врз рускиот нафтовод „Дружба“, кои привремено ги прекинаа испораките на нафта кон Унгарија. Будимпешта ги нарече нападите „скандалозни и неприфатливи“, додека Киев ја обвини Унгарија дека со купување руски енергенси индиректно го финансира Кремљ.

Очекувањата се дека оваа тема ќе биде отворена и на претстојната средба меѓу Виктор Орбан и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, закажана за петок во САД.

Трамп претходно изјави дека Унгарија нема да биде изземена од санкциите на САД за руските енергенси.