УЖАС: Силувано 17-годишно девојче со здравствени проблеми

Македонија, Хроника

На 13.10.2025 во СВР Штип, 57-годишник од Пехчево, во присуство на претставник од Центар за социјални работи Штип, пријавил дека на 08.10.2025 лице од пехчевско село извршило обљуба врз неговата 17-годишна ќерка, лице со здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.