ЕКСКЛУЗИВНО: Нови докази, Бугарите на апарати, фатени во лага

Балкан, Изјави, Македонија

Бугарија се обидува на секој начин да ги докаже своите лажни тези и историски фалсификати, создавани со децении во вила Бојана во Софија. Тие фалсификати, создавани и од болшевичкиот и од царскиот режим, кои владееле со Бугарија, со цел спроведување на политичка пропаганда во Македонија, денес се „аргументи“ против влезот на Македонија во ЕУ! Главната теза е дека Македонците постоиме од 1945 година навака, а ние сме морале тоа да го признаеме.

МКДенес истражуваше на темата бугарски историски фалсификати, а во оваа прилика ви го публикуваме оргиналниот документ:

Извештај до Министерството за хрватска одбрана (домобранство) од 21 октомври 1941 година

од Воен заменик на Независна држава Хрватска во Софија со кој известува за состојбата во Вардарска Македонија под бугарска власт за време на Втората светска војна.

„Пред неколку дена, еден мој пријател дојде од Скопје во Софија, каде што беше овластен управител на електраната.

Неговото име беше Алберт Шритоф. Јас го прашав за ситуацијата во Скопје и Бугарска Македонија воопшто, и во слободен разговор, меѓу другото, ми го рече ова:

„Внатрешната состојба во делот на Македонија, дадена на Бугарија е прилично нејасна. Прокламираните Македонци покажуваат одредено незадоволство во врска со новиот бугарски режим. Исто така, околу 30% од жителите на Македонија не се воодушевени од бугарското управување, бидејќи тие немаат исти права како Бугарите во Бугарија. Големо разочарување може да се забележи особено кај младата интелигенција, која студирала во Белград и која имала државно платена служба во стара Југославија. Нема доверба во нив и овие луѓе сега се невработени.

Има и такви на кои бугарската држава им додели служба, од каде потоа беа отпуштени и сега се невработени.

Од една страна, Арнаутите (Албанците) се исто така многу незадоволни од новиот господар и копнеат по Југославија. Додека пак, Арнаутите под италијанска окупација се задоволни, затоа што Италијанците им дадоа власт.

Турците (муслиманите) имаат сличен став со оној што го имаа во Југославија, но сега тие покажуваат англофилски емоции.

Српските и еврејските трговци се принудени да ги продадат своите имоти во рок од три месеци и да ги ликвидираат своите бизниси, а потоа Србите од бугарска Македонија најверојатно ќе бидат отстранети од таму.

Кон нас, Хрватите и Македонците имаат многу срдечен став, но. (…) раскажува за малтретирање на населението, особено на маладите луѓе… огромното незадоволство кај декларираните Македонци… неприфаќање на обединувањето со Бугарија наспроти огромната желба за независна Македонија… за на крај да сумира:

Според сето ова, се чини дека во бугарската Македонија постои голема желба за ослободување и за создавање на автономна Македонија…

 Потполковник, Адам Петровиќ, воен заменик во Софија
Дали Бугарија е подготвена на јавноста да и ги прикажи полициските и воени извештаи од окупирана област Македонија, особено дневникот на нивниот само-занесен нацистички премиер Богдан Филов, што тие самите забележале, констатирале и виделе со свои очи во „ослободена Македонија“?