ВИДЕО: Каја Шукова е против изградба на парк во Вардариште, треба да остане депонија и да ги труе скопјани?

Македонија, СКОПЈЕ

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, предизвика бурни реакции со својата изјава поврзана со депонијата Вардариште.

На средба со граѓаните на општина Гази Баба, Шукова оцени дека, според неа, е „илузија“ да се ветува дека Вардариште ќе се претвори во парк. Таа потенцираше дека локацијата и натаму треба да функционира како претоварна станица, од каде отпадот ќе продолжи да се транспортира кон депонијата „Дрисла“.

„Мора да се применуваат европски практики за справување со Вардариште, а не да се создаваат илузии дека таму ќе има парк,“ порача Шукова во видеото кое се шири на социјалните мрежи.

Нејзината изјава наиде на остри критики кај дел од јавноста, особено поради долгогодишните реакции и загриженост на скопјани за загадувањето и штетните последици што оваа депонија ги предизвикува врз здравјето на луѓето.

Депонијата Вардариште со години е посочувана како еден од најголемите еколошки проблеми во Скопје, а повеќе иницијативи и граѓански организации бараат конечно нејзино затворање и претворање на просторот во зелен појас или парк.