„Не е Бангладеш, Скопје е – На 200 метри од плоштад“

СКОПЈЕ

Скопје и неговата нехигиена во последните месеци, па и години повторно „тема на дебата за твитерџиите“. Граѓаните реагираат, ѓубрето стои!

– Не е Бангладеш. Скопје е. На 200 метри од плоштад – гласи твитот со споделена фотографија од депонија на кејот на Вардар, додека рибар си лови риби!

– За мене ова е чиста уметност да останеш нормален и фино лепо на 500 степени да си пецаш додека околу тебе еден куп ѓубре. Слика и прилика за едно пропаднато општество, гласи коментар на друг твитеџија.