
Богојески: Инфлацијата се намалува со зголемено производство, не со осиромашување на граѓаните
Претседателот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, денес на социјалните мрежи порача дека вистинскиот начин за справување со инфлацијата не е преку намалување на куповната моќ на потрошувачите, туку преку зголемување на домашното производство и понудата на пазарот.
„ИНФЛАЦИЈАТА СЕ НАМАЛУВА со зголемено производство и понуда на пазарот, а не со намалување на куповната моќ на потрошувачите! Кога има повеќе производи и поголема конкуренција – цените паѓаат, а стандардот расте. Сѐ друго е рецепт за економски застој и сиромаштија“, истакна Богојески.
Тој додаде дека е потребен сериозен рестарт на системот и нов економски пристап, кој ќе го стави македонскиот граѓанин и економијата на прво место.