
ФФМ ја најавува новата сезона во Прва лига: Заедно за подобар македонски фудбал
Во пресрет на почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посакува многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно работат на развојот на нашиот фудбал.
Од ФФМ најавуваат возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти, не само на теренот, туку и надвор од него. Посочуваат дека заеднички мора да се подигне нивото на натпреварување, да се зајакне фудбалската култура и да се биде пример за младите генерации.
ФФМ останува посветен партнер на клубовите, продолжувајќи со напори за обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето.
Со оптимизам и ентузијазам ја отвораат новата сезона, поставувајќи го фудбалот на прво место.