За Армин ван Бурен нема „Северна“: Македонијо, беше убаво што повторно се вратив (ФОТО)

Дали Знаете, Сцена

Холандскиот диџеј од светски ранг Армин ван Бурен ги сподели со фановите своите впечатоци од синоќешниот спектакуларен концерт во Битола, именувајќи ја државава само со Македонија (без Северна) и во пораките на социјалните мрежи, и во лоцирањето на фотографиите, а го употреби и македонското знаме.

„Македонијо, беше убаво што се вратив. Битола беше навистина во состојба на транс синоќа“, напиша Ван Бурен на Инстаграм и на Фејсбук, предизвикувајќи спротивставени реакции – одушевување кај Македонците, сарказам и „лекции“ од Грците во коментарите под објавите.