ДУИ и ВЛЕН во транс – ВМРО НП соопшти дека ќе има сопствен кандидат за градоначалник на Тетово

Политика

Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија Тетово ги информира сите членови, симпатизери и граѓани на Тетово дека на претстојните Локални избори 2025, ВМРО Народна партија ќе настапи самостојно со сопствена советничка листа, како и со кандидат за градоначалник на Општина Тетово.

Од партијата соопштија дека ќе понудат кандидат со обединувачки капацитет, кој има визија за модерно Тетово.

-Во оваа прилика им порачуваме на сите Македонци и на останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО Народна партија секогаш ќе имаат партнер од доверба, кој никогаш нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија. Истовремено упатуваме порака и до градоначалникот Билал Касами: Тетово секогаш бил и во иднина ќе биде македонски град.

Во претстојниот период, по распишување на Изборите, ВМРО Народна партија ќе направи свечена промоција на кандидатите за советници и на кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, за што благовремено ќе бидете известени. – соопштија од партијата.