ПОЧИНАЛ НА ЛИЦЕ МЕСТО: Трагична несреќа во скопската населба Ге-Ге
Околу 13:45 часот на улицата „Шар Планина“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во 72-годишниот пешак К.Г. од Скопје.
Пешакот починал на местото на несреќата, а смртта била констатирана од страна на Итната медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на обвинител, возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
Втората несреќа се случила околу еден час подоцна, во 14:40 часот на улицата „Ќемал Сејфула“, каде се судриле товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 29-годишниот Е.П. од Косово, и мопед со скопски ознаки, управуван од 32-годишниот Ф.А. од Скопје. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Екипа од СВР Скопје извршила увид, а возачот на товарното возило бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување на двата случаи, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
