Меџити: Владата стабилна и реформска, Фронтот во постојана криза и распад

Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во интервју за Алсат М ги отфрли сите тврдења дека владејачкото мнозинство има проблеми со функционирањето на Бадинтеровиот принцип. Тој потенцираше дека законите што бараат Бадинтер се многу мал дел и се усвојуваат без никаков проблем кога е тоа потребно.

„Заради вистината, процентот на закони што бараат Бадинтер е многу низок, некаде 2-3% од сите закони.

Скоро имаше седница каде што се употреби Бадинтер и сите закони поминаа со двојно мнозинство. И членовите на Агенцијата за аудиовизуелни услуги и Советот на МРТ беа избрани без пречки,“ истакна Меџити.

Тој додаде дека парламентарното мнозинство не само што е стабилно, туку секој ден станува сѐ посилно, додека т.н. опозициски структури покажуваат слабости.

„Секојдневно се гледаат сигнали во т.н. ‘Фронт’, кој понекогаш се нарекува европски, понекогаш национален или народен, но секој ден има движења. Пратениците си заминуваат, структурата се тресе, што се покажа и со гласањата што поминаа со двојно мнозинство,“ рече Меџити.

Според него, Владата е стабилна и фокусирана на реформите, додека поделбите во опозицијата се доказ за недостаток на визија и политичка доследност.