
Како сега првенецот на СДСМ ќе им објасни на своите деца дека прогласил монструм за кој се утврди дека е невин?
Како сега првенецот и еден од најистакнатите членови на СДСМ Мартин Костовски ќе им објасни на своите деца дека прогласил монструм за кој се утврди дека е невин?
Ова прашање се поставува откако на 4 Декември 2023 година во одвратен пост на Фејсбук Мартин Костовски без никакви докази го прогласил таткото на убиената Вања за монструм.
Во постот на кој има и фотографија на таткото на Вања Костовски прашува како сега тој на своето второ дете ќе му објасни дека е татко.
Денеска скопскиот суд пресуди дека таткото на Вања со ништо не учествувал во киднапирањето и убиството на неговата ќерка.
Дали сега Костовски ќе му се извини на таткото на Вања и ќе им се извини на своите деца и семејство прогласувал невини луѓе за монструми.
Што напишал Мартин Костовски пред околу 18 месеци.
ТАТКО !!!
си створил живот, си створил дете, требаше да ја сакаш највеќе, ЖИВОТОТ СВОЈ ДА ГО ДАДЕШ!!! да ја заштитиш од се и секој, да ја чуваш, раниш, браниш, охрабриш … да бидеш ветерот во нејзините едра!!!
…..ТАТО ……ќе ти ѕвони гласот додека си жив и ќе се каеш што не го даде животот свој!!! СО КОЕ СРЦЕ, ДУША И МОЗОК ја стави алчноста пред животот на детето свое?!?!? А ТОА ТИ ВЕРУВАШЕ!!! Како сега на другото ќе му објасниш дека си татко?!?!?!
ТИ НЕ СИ ТАТКО-ТИ СИ РЃА МОНСТРУОЗНА !!!”.
Костовски ова монструозно обвинување го објавил од позиција на власт додека неговата партија ја водеше владата на Македонија.
Може ли воопшто некој некогаш да му верува на Костовски знаејќи дека прогласувал невини луѓе за монструми.