
Перо откри што се случува со Панчо во болницата – Пристигна најава за мега хуманитарен коцнерт
Владимир Блажев – Панчо се уште се наоѓа во болница по несреќата што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој е еден од тројцата преживеани членови на бендот ДНК, додека осуммина од нивната екипата настрадаа кобната вечер.
Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ во своето гостување кај Бојан Јовановски откри дека се слушнал со Панчо, но и дека секогаш е тука доколку му затреба било каква помош и дека се надева дека ќе ги преброди сите предизвици и ќе оздрави.
Перо и на сите останати повредени им посака што поскоро да оздрават и да им се вратат на своите обврски. Како што изјави поранешниот кошаркар во поткастот кај Боки, и самиот бил изненаден кога една вечер Панчо му се јавил.
И како што и самиот вели, она што прво му го кажал Панчо е дека кога ќе излезе ќе направил концерт за загинатите пријатели.
„За нив, за нив сите, за името да трае, за нивните имиња’… му кажал Панчо на Перо кога му се јавил од болницата и го изненадил.
Едноставно Панчо е таков. И побожен. Жално е што ова се случува на добри луѓе во Македонија“, вели Антиќ во шоуто на Боки 13.
Тој неколку пати истакна дека му посакува на својот пријател што поскоро да оздрави и дека одвај чека да излезе од болница.