
Од СДСМ велат дека ќе имале најдобра програма и најдобри кандидати, но засега нема да ги обелоденат
СДСМ избра Шеф на изборниот штаб за Локалните избори кој ветува дека пред граѓаните ќе излезе со нова енергија, програма и кандидати. Оваа функција според одлуката на највисоките тела на партијата до Октомври ќе ја врши генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ.
,,На денешната седница на Централниот одбор на #СДСМ, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ е избран за Шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори.
Следува интензивна, одговорна, теренска работа со граѓаните, со членовите. Ќе излеземе со најдобра програмска понуда пред граѓаните со најдобриот тим и кандидати за градоначалници и советници.
Со нова енергија, ентузијазам и решителност #СДСМ е подготвена за локалните избори”, објави партијата промовирајќи го шефот на изборен штаб за локалните избори.