Коњановски: Опструкции од СДСМ го кочат новиот спортски и урбан центар во Битола

Македонија

На денешната седница на Советот на Општина Битола, Социјалдемократскиот сојуз ја повлече точката за усвојување на нацрт Деталниот урбанистички план за блокот Запад 08.01, со што, според градоначалникот Тони Коњановски, се стопира реализацијата на нов спортски и реонски центар во Нова Битола.

„Не станува збор само за спортски комплекс, туку за целосно нов урбан реон со училиште, старски дом, градинка, станбени згради и зелени површини. Ова е проект во јавен интерес, со кој се планира развој на над 15 хектари во моментот непланирани површини“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека планот бил усогласен со Генералниот урбанистички план, вклучувајќи и нов сообраќаен концепт за подобро поврзување на западниот дел од градот. Во своето видео обраќање, Коњановски обвини дека политички калкулации пред локалните избори се причина за блокадата на проектот.

Видеото од обраќањето на градоначалникот Коњановски може да го погледнете тука