
„ПРОВИЗИИ ШТО ЧИНАТ ЖИВОТИ“: ВМРО-ДПМНЕ најави прес-конференција за вистината за модуларната болница
Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, денеска прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? Следете нè, утре со почеток во 12 часот, на прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина, велат од владејачката партија.