Германски квалитет на македонско тло: Отворени се уписите за идните бруцоши на Хајделберг Факултет во Скопје

Uncategorized

Хајделберг Факултет во Скопје и официјално ги отвори вратите за новите студенти – идните академски граѓани кои ќе имаат можност да се стекнат со образование по германски стандарди, пракса за време на студирањето, лична поддршка од професорите и стекнување двојна диплома – македонска и германска.

 

На првиот циклус стручни студии во учебната 2025/2026 година, во новата академска година ќе бидат запишани вкупно 60 студенти, распоредени во две современи и перспективни студиски програми: Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти) и Податоци и компјутерски науки (30 студенти).

Право на запишување имаат кандидати со положена државна или меѓународна матура, а изборот ќе се врши врз основа на тестирање и интервју со комисија составена од германски професори од факултетот.

 

Уписниот рок трае до 1 октомври 2025 година, а наставата ќе се изведува во Скопје и во Франкфурт, Германија.

Со запишувањето на Хајделберг Факултет во Скопје, студентите добиваат можност за подготвителна настава со реномирани ментори и професори од Германија, а за време на студирањето и дополнителни активности кои вклучуваат кариерно советување и мотивациски обуки преку Школата за управување со таленти, како и обуки за CV, мотивациско писмо, подготовка за интервју за работа и можност за бесплатно учење германски јазик.

Факултетот Хајделберг од Скопје е единствената образовна институција која што овозможува дуален пристап во високото образование, преку комбинација на студии во Македонија и еден семестар во Германија. Комбинираниот модел овозможува студентите да се стекнат со двојна диплома од високообразовните институции во двете држави, со што се обезбедува врвно образование според меѓународни стандарди.

Подетални информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на Хајделберг Факултет во Скопје, на телефонскиот број 070355656, на електронската пошта info@heidelberg.edu.mk или пак на веб страната www.heidelberg.edu.mk.

germanski-kvalitet-na-makedonsko-tlo-otvoreni-se-upisite-za-idnite-brucoshi-na-hajdelberg-fakultet-vo-skopje-02.jpg