
(ВИДЕО) Се урна глечер во Швајцарија, збришано цело село на Алпите
Жителите на швајцарското место Блатен во последен момент се евакуираа и избегнаа трагедија, откако глечер го затрупа нивното село, настан кој научниците го оценија како драматичен пример за влијание на климатските промени на Алпите.
Огромна количина на мраз, кал и камења паднаа низ планината и уништија 90 отсто од селото. Неговите жители се евакуираа во изминатите денови, по првите знаци дека дел од планината зад глечерот Бирх почна да се урива.
Швајцарската војска со внимание ја следи ситуацијата, а некои стручњаци предупредуваат на ризик од поплави, бидејќи кал и камења во дијаметар од, речиси, два километра го прекинаа течението на реката Лонзе, предизвикувајќи создавање на големо езеро среде урнатините. Дневно се акумулираат по милиони метри кубни вода, како резултат на наносот кој ја „пресече“ реката.