ЗИМА ВО МАКЕДОНИЈА: На крајот од мај измерени се минусни температури!

Времето денес

Денешното утро (понеделник 26 мај) во нашата Република Македонија е зимско, иако сме на крајот на месец мај и наскоро започнува климатолошкото лето, сепак температурите се далеку од вообичаените за овој период од годината, односно, истите се многу понсики и невообичаено ниски за овој период од годината.

На метеоролошката карта може да забележиме дека утрово температурите на повеќе места се близу 0 степени, а на повисоките места, односно во Лазарополе бележиме и минусна негативна температура од -1 степен. Имаме и појава на слаб мраз утринава.