Двајца мажи од Скопје се заразените со мајмунски сипаници – не патувале надвор од државава

Живот, Македонија

Двајца мажи од Скопје, родени во 1981 и 1985 година се заразените пациенти со мајмунски сипаници. Ова на прес конференција го истакна директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска.

Како што вели, според информациите што ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, додека другиот се уште не се пријавил на ниту една од клиниките и не е хоспитализиран.

„Не се поврзани случаи“, вели таа упати апел граѓаните да не паничат.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информираше дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.