
БИТИЌИ: ЖАЛ МИ Е ШТО НЕ УСПЕАВ ДА Ѝ ГИ ОТВОРАМ ЕВРОПСКИТЕ ВРАТИ НА ЌЕРКА МИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Поранешниот заменик претседател на Владата, Фатмир Битиќи деновиве со емотивна објава на социјалните мрежи.
Битиќи се огласи на Фејсбук со семејна фотографија, а поводот за оваа објава беше многу значаен настан за неговото семејство.
– Вечерва се чувствувам горд и полн со емоции – како вчера да беше кога првпат ја однесов во градинка. Денес стои пред мене како матурантка со животен сјај во очите и соништа пред себе – напиша Битиќи во објавата.
А потоа продолжи:
И покрај сите мои обиди и желби, жал ми е што не успеав да ѝ отворам европски врати, да ѝ овозможам повеќе перспективи и шанси овде, во татковината. Секој родител сонува да направи повеќе, да даде повеќе.
Но, знам едно – ти си борец, Калтрина. Ти си доволно силна, паметна и храбра да го најдеш вистинскиот пат, без разлика каде ќе те однесе животот. И јас секогаш ќе бидам тука, со срце полно љубов и поддршка.
Среќна матура. Денес светот е твој – заклучи Битиќи на крајот од објавата во која сподели и семејна фотографија заедно со матуратнтката.