ВЛЕН: Али Ахмети ги разделува Албанците за да се спаси себеси и семејниот капитал: Арбен Таравари е последната жртва

Uncategorized

Во изминатите 20 години, Али Ахмети ја претвори државата во приватен пазар за збогатување на своето семејство. Додека неговиот син, внуците и зетот градат фотоволтаични централи вредни 35 милиони евра, купуваат трговски центри вредни 30 милиони евра без да инвестираат ниту едно денарче и прават бизнис со мазут, тој ја завршува работата на политички терен.

За да го заштити овој извонреден капитал, Ахмети постојано создава поделби и лажни сојузи меѓу албанските партии. Последната жртва е Арбен Таравари, кој од лидер што ја нарекуваше ДУИ „канцер“, а Али Ахмети „корумпиран“, сега преговара со тој човек и таа партија.

Таравари беше измамен од лажните ветувања: поддршка на локалните избори, „неограничена поддршка“ и лични привилегии. Но, историјата покажува дека секој што направил пазар со Ахмети останал без доверба, без резултати и без иднина, додека семејството Ахмети станува сѐ побогато.

Нашата порака до Арбен Таравари е дека првиот чекор кон Ахмети е последниот чекор кон кредибилитетот пред граѓаните. Албанците нема да го простат овој акробатски потег за лични интереси.

ВЛЕН нема да дозволи нови пазари со судбината на нашиот народ. Нула толеранција за корупцијата, транспарентна власт и обединување на сите искрени прогресивни сили. Тоа е нашиот пат.

Кога Ахмети разделува, ние обединувавме. Кога Ахмети прави пазар за лични добивки, ние се бориме за интересите на сите Албанци.