
НАЈНОВА ВЕСТ: ФРЧКО НА МАКА – Кривична пријава за ЉУБОМИР, eве за што е осомничен
Поранешниот шеф на Шеф на Постојаната Мисија на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреби во службата. Против него и против останатите, вчера, е поднесена кривична пријава, според која се сомничат дека сториле кривично дело по членот 353 од Кривичниот законик.
Според пријавата, Фрчкоски како службено лице – Шеф на Постојаната Мисија при Обединетите нации во Њујорк од 20 април 2022 година до 6 октомври 2024 година, ја злоупотребил службата бидејќи постапил спротивно на Инструкцијата од Министерството за надворешни работи од 25 април 2023 година и спротивно на Мислењето од Министерството за финансии од 23 јули, 2023 година.