Македонка од Австралија пред бокс меч во Перт најавена со хит на Војо Стојановски (ВИДЕО НА ДЕНОТ)

Македонија, Спорт

Боксерката Емили Спасевски од Австралија е горда на своето македонско потекло и не пропушта да го нагласи тоа пред нејзините мечеви, како пред последниот со Тејла Вуд, кога во најавата за борбата во „РАК арената“ во Перт одекнаа зурлите и тапаните од вонвременскиот хит „Свадба е голема“ на Војо Стојановски.

Како што вели „македонското чудо“, една од најпопуларните нумери на бардот на македонската (патриотска) песна ѝ е „химна“ во досегашните 13. настапи во аматерската кариера, во кои има забележано 10 победи и три порази.