
Престрелка во штипско кафуле среде плоштад – има повредени! (ВИДЕО)
Вечерва околу 21 часот во едно од познатите кафулиња во центарот на Штип се случила престрелка, потврдија очевидци за нашиот портал. Инцидентот се случил на плоштадот „Слобода“, во момент кога во објектот имало повеќе гости.
Според првичните и неофицијални информации, најмалку едно лице е повредено, а причината за вооружениот инцидент наводно се недоразбирања помеѓу група турски студенти кои студираат во Штип.
Полицијата веднаш интервенирала на терен и во моментот се врши увид, а просторот е обезбеден. Очекуваме повеќе детали и официјални информации во текот на ноќта.