ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд

Времето денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.