Кралот ниту во смртна постела не сака да си го види синот: Принцот Хари искрено проговори за татко му

Живот, Свет

Принцот Хари во петокот изјави дека сака да се смири со британското кралско семејство, но дека неговиот татко, кралот Чарлс трети, не сака да разговара со него поради спорот околу неговата безбедност и дека не знае колку долго ќе живее монархот, кој боледува од рак.

Неколку часа откако ја загуби правната битка со британската влада околу спорот за полициска заштита, Хари даде емотивно интервју за „Би-би-си“ во кое рече дека не мисли оти ќе може да го врати своето семејство во Велика Британија.

„Би сакал да се смирам со моето семејство“, рече Хари. „Животот е скапоцен. Не знам колку време му останува на татко ми. Не сака да разговара со мене поради овие безбедносни прашања, но би било убаво да се смириме“, додаде тој.