Димовски раскажа приказна за човек со потекло од Егејска Македонија: „Татко ми ни рече на смртна постела – вие не сте Грци“

Македонија

Во гостувањето на ТВ Алфа, во емисијата „Заспиј ако можеш“, Илија Димовски сподели емотивна приказна за свој пријател со потекло од Егејска Македонија. Преку оваа приказна, тој ја истакна судбината на многу Македонци кои биле воспитувани во грчки дух, а вистината за своето потекло ја откриле дури подоцна во животот.

Ми приоѓа еден човек, зборувајќи на тежок македонски јазик, многу архаичен, со ограничен фонд на зборови, околу 50 до 100. Ми се обраќа на македонски, а јас го прашувам:

„Од каде си, брат?“

„Од Птолемаида,“ ми вели, „знаеш каде е?“

„Знам каде е Кајлари,“ му одговарам. „Кајлари е некаде 40-50 километри јужно од Лерин, помеѓу Лерин и Кожани.“

„Добро,“ го прашувам, „таму си роден?“

„Не,“ вели, „татко ми е таму роден, а јас сум роден во Австралија.“

„А јазикот?“ го прашувам.

„Абе, јазикот,“ вели, „јас сега го учам.“

Човекот беше постар од мене, некаде 10-15 години.

„Зошто сега го учиш?“ го прашувам.

„Па,“ вели, „до пред неколку години мислев дека сум Грк.“

Мене ми се исекоа нозете. „Како?“ го прашувам. „Како мислеше дека си Грк?“

„Татко ми,“ вели, „не воспитуваше во тој дух. Одевме во грчки училишта, грчки клубови, на фолклор, спорт. Ние не бевме свесни за ништо друго.“

„А кој беше моментот кога сфати дека не е таква приказната?“ го прашувам.

„На смртна постела,“ вели, „татко ми си ја отвори душата и ни рече: ‘Деца, вие не сте Грци!’“

Видеото може да го погледнете тука.