
Сиљановска-Давкова: Бадниковата поворка е одраз на заедништвото и предбожиќната радост
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, утринава ја пречека и примив Бадниковата поворка, истакнувајќи ја важноста на оваа прекрасна традиција која ги обединува граѓаните и ја зацврстува верата.

„Ечеше дворот од детските ангелски гласови, а ‘Вечниот Бог’ звучеше божествено,“ сподели таа, опишувајќи го моментот како посебен и исполнет со радост.
По изведбата на црковните песни, следуваше дарување на дечињата со празнични пакетчиња, симбол на љубовта и грижата за идните генерации. Сиљановска-Давкова истакна дека овие моменти ја оживуваат традицијата, ја зајакнуваат верата и внесуваат надеж за поубава иднина.

„Ние, возрасните, за миг бевме зафатени од предбожиќната еуфорија. Го овековечивме моментот со слики и си посакавме среќен Божиќ,“ додаде претседателката.

Таа ги повика граѓаните на пладневна средба на плоштадот „Македонија“, каде ќе продолжат празничните активности, создавајќи уште еден ден исполнет со заедништво и радост.
„Нека ни е среќен и благословен Божиќ! Нека љубовта, мирот и радоста бидат нашиот водич,“ порача Сиљановска-Давкова.