
Претседателката Сиљановска Давкова не заминала во Париз поради дефект на владиниот авион
Претседателката Сиљановска Давкова не заминала во Париз поради дефект на владиниот авион.
Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не заминала во Франција.
“Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова го информираше Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз, велат оттаму.
Авионот Лирџет 60 кој е единствен во владината авиофлота е стар 19 години, купен е во времето на премиерот Бучковски а со него во минатото имаше неколку непријатни ситуации.
Минатата недела со него патуваше делегација предводена од спикерот на парламентот Африм Гаши која од посетата на Шведска се врати со комерцијален лет затоа што се појавил проблем со еден дел од леталото.

Претседателката Сиљановска Давкова со истиот авион летала во повеќе наврати, само во последниве дваесет дена таа со ова летало патувала на билатерална официјална посета на Црна Гора и се вратила од Самитот на ОН за Климатски промени во Баку, Азербејџан.