
Богојески: Уставниот суд да одлучува според Уставот, а не под политички диктат
Македонски Концепт и јас лично, како дел од процесот за функционална употреба на јазиците на Македонија, изразуваме силна поддршка на Уставниот суд да одлучува исклучиво врз основа на Уставот и законите на Република Македонија. Во овој клучен момент за земјата, инсистираме судиите да покажат професионализам, интегритет и посветеност на владеењето на правото.
Со загриженост ја следиме праксата на одредени судии, етнички Албанци, кои не само што одбиваат да постапат по препораките и барањата на Европската Унија, туку и директно придонесуваат кон дестабилизација на НАТО. Ова однесување е во спротивност со евро-атлантските аспирации на нашата земја и соработката со нашите меѓународни партнери.
Ги повикуваме надлежните служби да извршат детална проверка на можните конекции на овие судии со енверхоџистички, марксистички или левичарски екстремистички структури кои делуваат против интересите на демократијата и стабилноста.
Таквото однесување е срам за правната фела во Македонија и директно го подрива угледот на институцијата која треба да биде столб на правдата. Дополнително, поставуваме прашање: кој овие лица ги избра за судии без основен професионален интегритет? Одговорот е јасен – политичките интереси на ДУИ и нивните партнери од СДСМ!
Очекуваме итна реакција на надлежните институции и повикуваме на отчетност и одговорност за сите кои ја загрозуваат правдата и државните интереси.
д-р. Петар Богојески