
Ќустендил и други општини од Бугарија бараат брз старт на изградбата на автопатот до Македонија
Изградбата на автопатот од Дупница до граничниот премин со Македонија Ѓуешево треба да почне што е можно поскоро, инсистираат локалните власти од регионот на Ќустендил, Бугарија.
Советите на општините во целиот регион потпишаа декларација во која бараат властите на Бугарија да посветат сериозно внимание на напредокот на важната инфраструктурна локација, која освен патна, вклучува и железничка пруга. Декларацијата ќе биде испратена до претседателот, националното собрание, советот на министри и други институции, јавуваат бугарските медиуми.
Општинските советници на Ќустендил, Дупница, Бобов Дол, Сапарева Бања, Рила, Кочериново, стравуваат дека Македонија се обидува да ги пренасочи европските средства наменети за коридорот 8 за коридорот 10, јави бугарската национална телевизија…