Меџити: Инвестираме во заштита од поплави за сигурна иднина на Полошкиот регион

Македонија

Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше на завршниот настан од програмата „Подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион“, организиран од УНДП во Тетово.

Проектот вклучуваше значајни инвестиции за заштита од поплави, како регулирање на коритото на реката во Боговиње, изградба и чистење на канализациони системи во Тетово и Гостивар, чистење и стабилизирање на коритото на реката Вардар во Гостивар и Јегуновце, стабилизирање на 7 критични свлечишта и пошумување на 42 хектари во Националниот парк Шар Планина.

Меџити истакна дека овој проект предизвикал трансформативни промени во управувањето со ризикот од поплави, преминувајќи од реактивни мерки кон интегрирани системи за управување со ризиците. Проектот вклучува и едукативни активности за зголемување на отпорноста и подготвеноста на локалните заедници за справување со природни катастрофи.

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија со 12,7 милиони долари, дополнително поддржан од Министерството за животна средина со 400.000 долари и 130.000 долари од општините во регионот во партнерство со УНДП.