Илија Димовски: ДУИ и СДСМ го поткопаа македонскиот идентитет и ја игнорираа народната волја
Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија направи своја анализа за владеењето на ДУИ и СДСМ, поврзана со чувствата на македонскиот народ.
Прво, ДУИ и делови од СДСМ, или поголем дел од СДСМ, се криминализирани.
Второ, дека таа Влада нема поддршка од граѓаните.
Трето, дека таа Влада носеше одлуки спротивни на интересите на македонскиот народ.
„СДСМ и ДУИ како Влада, односно министерот за надворешни работи, потпишаа декларација еднострана за македонскиот јазик, која е тотално неточна. Исто како јас да потпишам декларација во која ќе кажам дека албанскиот јазик во Македонија и албанскиот јазик во Албанија немаат никаква врска меѓу себе. И потоа, зошто имало фрустрации, зошто имало нервоза и зошто луѓето чувствуваат дека Владата не е нивна. Со декларацијата на СДСМ и ДУИ се избриша дека во Бугарија и Грција има народ кој зборува македонски јазик. Тоа не може така,“ истакна Димовски.
„Како што јас не можам да носам одлуки за историјата и етногенезата на албанскиот народ, така албанските политичари не можат да носат одлуки за македонскиот народ.
Дали Албанците би се согласиле јас, Илија Димовски, небитно каква националност сум, да прифатам дека Албанците и Србите треба да формираат историска комисија за да разговараат за Скендербег, дали е Србин или Албанец? Дали би се согласиле да потпишам документ за да видиме дали Хасан Приштина е Турчин или Албанец?
Тоа е мешање во историската генетика на еден народ.
ДУИ и СДСМ го направија тоа. И за тоа казната стигна, како што стигна на изборите,“ заврши Димовски.
