
ДОБРО УТРО со Аматерката: Македонците ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ амбициозната, будалетинка Апасиев, но неможат да го преживеат ПРЕДАВСТВОТО на македонскиот народ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Цицерон: „Една нација може да ги преживее своите будали, па дури и амбициозните, но не може да го преживее предавството однатре“.
Аматерката: „ Македонците ќе ја преживеат амбициозната, будалетинка Апасиев, но неможат да го преживеат предавството на македонсиот народ“
Денес е последен ден од капмањата за претседателските и парламентарни избори во државава. И на оваа кампања, како и во претходните изборни циклуси, темите се за високата политика. По влезот во НАТО, сега тема е ЕУ, што секако е важна тема за нас. Валканата реторика не изостана и овој пат кај дел од кандидатите но тоа и не е толку страшно колку што се опасни нивните вистински намери. Овие избори не се налик на ниту едни претходни од аспект на иднината на државата односно нејзиното зачувување како таква и опстојување на македонската нација. На овие избори народот ја има последната шанса да им ја одземе моќта на корумпираната двоглава коалиција ДУИ – СДСМ и да им стави крај на штетните политики со кои уништија се‘ македонско. Фактот што корупцијата стана дел од личната карта на Македонија, ја издига и оваа тема на највисоко место. Ако корупцијата продолжи да царува, ќе стане нова и далеку посериозна пречка во евроинтеграцијата на државата. Резултатите од првиот круг претседателски избори се доказ дека народот ја препознава важноста на овие избори и им докажа дека и покрај притисоците од позиција на моќ нема да можат повторно да го изманипулираат. Барајќи спас за глас повеќе, двоглавата коалиција ДУИ-СДСМ ги вклучи и своите тајни коалициони партнери од Левица, налик на онаа народната „давеник и за сламка се фаќа“. Така Димче професорот по римско право деновиве се вклучи на најјако. Опозиционерот на опозицијата во свој стил не ја штеди својата вулгарна реторика насочена кон опозицијата, особено македонската. Без трошка срам и почит кон својот народ со своите политички неартикулисани потези се обидува да наштети на нацијата одработувајќи за двоглавата коалиција СДС-ДУИ по цена да ја докрајчи левица и да остане сам во парламент. Како јаготка на шлагот е неговото гостување на Нинфомакс кај чичините деца на Палчо. На најголемиот христијански празник Велигден со својот валкан речник „покоси“ се македонско, а овие чичиниве воодушевени од него ќе се подмочаа од радост што ги удостоил со неговото гостување. Нејсе, кој со нив „тикви сади“ од глава си ги крши, тоа се докажа и претходно. Фалејќи го Стевче го донесоа до амбис. На Димче јасно му е дека е лузер, видлива е неговата нервоза, ама мора да си одработи исто како и чичиниве. Нервозата му стана уште поголема откако работите му излегоа од контрола внатре во својата партија. Со објавување во јавност на дадените насоки на членството да се бојкотираат претседателсите избори, јасно е дека нема да ги испочитуваат истите. Јасно им е дека Димче „игра“ за СДС-ДУИ! Сакајќи да ја демантира оваа вест во својот демант ја потврди, како што рекол најголемиот римски оратор Цицерон: „Лажното не е ништо освен имитација на вистината“, ова дека Димче многу сака да го потенцира римското право.
Паднаа маските. Секој нормален знае дека бојкотот не му одговара на Мицкоски. Ова што Димче се обидува да го направи е крајно безобразно и нечесно особено за македонскиот народ. Помагањето на ДУИ и СДС на овие избори е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО на македонскиот народ. Ако е свесен дека со ваквата неартикулисана политика не и носи добро ни на својата партија, се поставува прашањето која е цената за предавството?! Ако фактите говорат дека и вториот пратеник го губи, а тој е свесен за тоа, се поставува прашањето која е цената за предавството на останатите 5 носители на Левица? Јасна е намерата за бојкот на претседателските избори од страна на ДУИ, ама што добива Апасиев со тоа?!
Ајде пак нешто од римско по вкус на професорот, Марко Тулиј Цицерон кој се смета за еден од најголемите оратори и прозни стилисти, за ваквите како нашиов професор Димче рекол:
„Непријателите на портите се помалку застрашувачки бидејќи се познати и отворено го носат знамето. Но предавникот се движи и итро шепоти низ уличките, а се и слуша во салите на самата влада. Самиот предавник не личи на предавник; тој зборува слично како неговите жртви, ги носи нивните лица и нивните аргументи и лежи длабоко во срцата на сите луѓе. Тој ја уништува душата на нацијата, работи тајно и непознато во ноќта за да ги поткопа столбовите на градот. Го инфицира телото на политиката за повеќе да не може да постои. Од убиецот човек помалку се плаши.“
Што после оваа нечесност од страна на Димче кон македонскиот народ и кон своите сопартијци? Македонскиот народ до овој момент му ја простуваше амбициозноста и будалштината но никогаш нема да му го прости предавството што го прави во клучен момент за опстојување на македонците и македонската државност. Дел од неговите сопартијци се исто така свесни за нечесните намери на Димче и покажуваат „тивка непослушност“ кој после изборите ќе биде гласна и јасна, свесни се за нелогичните политички потези кои даваат сомнеж за пазар и личниот негов интерес.