
Какви ПОРАКИ испратија претседателските кандидати – сите на едно место
Претседателски избори 2024
10-ти април
Петтмина од седумтемината претседателски кандидати, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Максим Димитриевски денеска ги продолжија предизборните активности со посети по градови и општини, со обраќања и на средби со граѓаните.
Кандидатите Бујар Османи и Арбен Таравари, поради големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, како што соопштија, а и според традицијата, денот го минуваат со своите дома, додека Стево Пендаровски беше во Неготино, Гордана Силјановска Давкова во Струмица, Стевчо Јакимовски во Велес, Билјана Ванковска во Скопје и Максим Димитриевски во Штип.
Стево Пендаровски – Кавадарци:
Актуелниот претседател на државата во Тиквешијата имаше повеќе обраќања, средби со граѓани и митинг во Кавадарци. Во сите пригоди Пендаровски ја потенцираше важноста бргу да продолжи евроинтеграцискиот процес потсетувајќи дека опозицијата, конкретно против кандидатката Силјановска Давкова и нејзината партија поддржувач ВМРО-ДПМНЕ не само што не понудија конкретна алтернатива туку ниту навестија како натаму со Македонија. Напротив, остануваат главниот кочничар за државата и за подоброто денес и утре на нејзините граѓани.
Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, рече Пендаровски. Тоа е партија каде уште е присутна истата матриц, онаа на Никола Груевски додавајќи дека тие уште не се ни извиниле за тоа нивно време, исто и за 27 април и за тепањето на пратеници. Напротив, тие сега сакаат да ги амнестираат. Без усул и достоинство се овие луѓе. Ова се децата на Никола Груевски и Македонија ја разбираат како акционерско друштво, порача Пендаровски. Актуелниот претседател потсети и дека, како и сега за ЕУ, исти такви отпори даваа и за НАТО па сега, кога Европа е соочена со воена криза молчат. Затоа, нагласи Пендаровски, овие избори се многу важни и нив треба да ги добијат прогресивните субјекти и политички сили.
Гордана Сијановска Давкова – Струмица:
И пред струмичани, кандидатката подржана од ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе продолжи да се бори за рамноправност и дека претседателот е тој што го отсликува народот. Зброувајќи за состојбата во државата рече дека е далеку е од европска и демократска, нагласувајќи, дека истражувањата покажуваат дека сме најнесреќниот народ во Европа. Таа доплни дека ќе стори се` Македонија да биде пристојна држава во која владее правото, правдата, а не „моќни политички богови и олигахиски групи.
Давкова Силјановска и пред струмичани ги повтори своите познати ставови дека уставните измени не ќе можат да се случат атака како што решила власта за што на земјата треба да и се врати гордоста.
Кандидатката за претседтел Силјановска Давкова вети дека ќе продолжи да се бори за рамноправноста, вели дека претседателот е тој што го отсликува народот, а најави и враќање на народните канцеларии. Зброувајќи за состојбата во државата рече дека е далеку е од европска и демократска, нагласувајќи, дека истражувањата покажуваат дека сме најнесреќниот народ во Европа. Додаде дека ќе стори се, Македонија да биде пристојна држава во која владее правото, правдата, а не моќни политички богови и олигахиски групи.
Стевчо Јакимовски:
Меѓу главните теми на претседателскиот кандидат Јакимовски денеска беа младите и нивниот актуелен општествен статус. Обраќајќи се пред граѓаните претежно пред младите поддржувачи тој нагласи дека доколку стане претседател на државата меѓу приоритетите ќе му биде да работи на потребата од донесување мерки од стана на надлежните повеќе да не се случува никој да не може од државата да биде финансиран со плата а да седи дома. Таква администрација нема никаде.
Нужна е брза и темелна реформа на администрацијата и повеќе е неиздржливо и недозволиво по необразовани и по неспособните кадри да ги заземаат местата на по образованите и на поспособните способните.
Билјана Ванковска Мирчевска – Скопје:
Претседателската кандидатка Ванковска Мирчевска, на средби со граѓаните во неколку скопски општини ги повтори своите анти НАТО ставови и определбата дека доколку стане претседателка на државата ќе го раскине договорот за добрососедство со Бугарија. Таа ја критикуваше и Европската Унија како заедница со надминати вредности. И не само тие туку и Рамковниот. Решенијата што ги содржи мојата програма се многу директни, нема двоумење и дискусија. Ги раскинуваме трите договори што влечат надолу. Мојата порака е дека Европската Унија е бајка. Таа веќе се менува. Таа е веќе милитаризирана. Таа веќе ги инвестира парите во војна, за жал. Конечно треба да си го вратиме достоинството, рече тааа. Нејзината порака во кое вели е убедена, е конечно Македонија да биде слободна држава и судбината за себе да си ја земе во своите раце и да престане да биде колонија, вели Ванковска Мирчевска.
Максим Димитриевски – Штип:
На Македонија и`треба претседател кој што ќе произлезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните. Државата мора да ја направиме функционална, да ја напуштиме партиските матрици во сите области од животот и да му се даде шанса на квалитетот, рече Димитриевски и пред штипјани.
Тој и денеска повтори и дека најголемите проблеми кои ги наведуват граѓаните се владеењето на правото, неказнивоста, селективната правда, нефункционална држава и
финансиско-социјалната состојба.
Димитриевски уште рече дека дошле времиња невремиња, дека 30 години, едно исто, доаѓаат едни си заминуваат други, по 4 или 8 години се враќаат тие коишто претходно заминале и секоја година се полоши од тие коишто претходно биле, и така во континуитет, сето тоа се врти во круг, а од година во година, граѓаните се сè полошо и полошо и дека во Македонија во континуитет гласаме против ниту еднаш за, секогаш граѓаните се ставени пред избор да гласаат за помало зло од претходното. И за прв пат во Македонија на претседателски избори имаме 7 кандидати, а жртва сме на два политички субјекта во македонскиот блок и два субјекта од албанскиот блок.