Народот заслужува подобра иднина, Владо Мисајловски повика сите граѓани да се приклучат за најголема победа на изборите

Политика

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во двојката порача дека сите граѓани треба да се приклучат и да ја дадат нивната поддршка за Гордана Силјановска Давкова, за големи промени и Македонија да ја направиме повторно горда.

„Денеска сме тука во Старо Нагоричане заедно со техничкиот заменик министер во земјоделие Цветан Трипуновски нашиот пријател од ВМРО-ДПМНЕ со нашите коалициони партнери, бедеми во коалицијата, сите заеднички и сложно да идеме од врата на врата да посетиме граѓани да разговараме со земјоделци и да ја претставиме нашата програма за следните парламентарни избори.

Најважно од се за овие претседателски избори да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат, да имаме една прекрасна кандидатка Гордана Силјановска Давкова и сакам тука од Старо Нагоричане да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат поддршката за Гордана Силјановска Давкова. Сложно обединето, сите заеднички од тука порачуваме, голема победа, големи промени и Македонија да ја направиме повторно горда сите заеднички, сплотени како што сме тука заедно.

Очекувам граѓаните да ни се приклучат и да направиме историја, најголема победа бидејќи народот заслужува подобра иднина“, порача Мисајловски.