
ИЗЈАВА: Народот ќе живее подобро со зголемена понуда, а не замрзнати цени
Власта константно и неуспешно се обидува да ги симне цените на храната и други производи со мерката „замрзнување цени“, а тие се се’ повисоки и повисоки. Левичарите се неписмени за да водат пазарна економија, на место да зголемат понуда, тие замрзнуваат цени, смета лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески.
Правилна мерка е „интервентен увоз“ на сите стоки кои се предмет на кумуњарското „замрзнување“, да се зголеми понудата и презасити пазарот со нив, а цените природно ќе паднат и тоа драстично. Секогаш кога тие се на власт, ја прават истата грешка, наместо стимулација на потрошувачка, тие стимулираат штедење и намалување на парите во оптек, со што редовно носат сиромаштија и гладување. Едноставно не ги бива! Доктрината им е погрешна.
За да се описменат, ќе се обидам да им понудиме решение од нашата Доктрина на Македонски Концепт. Потрошувачки пазар е веќе дел од нашиот живот, заврши времето на „контролирана економија“. Тоа значи дека државата мора да обезбеди конкуренција во понудата на сите основни стоки и производи, да остави на граѓаните во нивниот избор што ќе купуваат, а само тука може да интервенира, во зголемување на понуда и конкуренција. Никаде на друго место.
За функционална пазарна економија како таа во ЕУ, за која се лигави власта без мерка, а не ја разбира, мора да се стимулира само приватна иницијатива / производство, конкуренција и слободни цени. Комуната ова не го разбира и ги суспендира сите три услови. Особено што замрзнува цени. Затоа народ осиромашува, а цените се во плафон. Бандитите на власта или трговците со влијание, намерно прават да исчезнат производите од понудата, предизвикуваат контролирана криза – наамлена понуда, со заштита на Владата, ја уништуваат конкуренцијата, маржите ги дуплираат за да има мито и за министрите, со што цените растат, а народ осиромашува.
Тука државата како регулатор на пазарот може да се појави со стимулација на понудата и побарувачката. Преку интервентен увоз и слободна трговија да обезбеди енормна понуда и лесен пристап до стоките, заситеност на пазарот, а преку стимулирање на потрошувачката кај граѓаните да обезбеди сигурен пласман. Изборот е на граѓаните, а трговците манипуланти – бандити ќе останат без денар. Така тоа се прави по нашата Доктрина.
Така ние ќе ги постигнеме саканите пропорции во економијата. Така ние ја разбираме пазарната економија. Дополнително може да интервенираме во стимулирање на производството преку инвестирање во научниот и техничкиот напредок, проширување на портфолиото на производи и намалување на трошоците за производство. Тука треба државата да стави рамо со приватните производители, особено тие на храна.
Македонски Концепт планира отворена информативна платформа, на која ќе обезбедиме објективни информации за квалитетот, квантитетот и спектарот на стоки и услуги достапни на пазарот. Строга контрола на тоа што се увезува и произведува, за да го кренеме реномето на македонскиот производ над она на земјите од ЕУ, а да се храниме здраво. Со тоа намалуваме трошоци во здравство. Помалку болести, помалку трошоци за лекување.
Преку таа инфо платформа, државата ќе стане само посредник, на граѓанинот / потрошувачот ќе му е дадено правото да го избере најдобриот добавувач на производи. Така ќе извршиме дезинфекција на бандити, под услови на пазарот, каде само силна и чесна понуда ќе преживее во услови на здрава пазарна конкуренција.
Обезбедуваме слободна пазарна конкуренција, понудата го регулира пазарот, стопираме бандити кои монополизираат пазар, а цените се слободни. Ќе бидат исклучително ниски, реални поради степенот на заситеност на пазарот. Тоа се вика пазарна рамнотежа, каде вишокот го збогатува народот, а не бандите. Тука сме силни и со правната рамка, правно регулиран пазар, нема пазар на “црно” или цигански – петочен пазар или пазар под тезга! Нема! Тука државата ќе стави рака! Крај!
Ние сме комерцијално ориентирани, посакуваме претприемачите да прават профит од работењето во овој пазар. Ќе ги симнеме или укинеме сите даноци на тој профит, за да инвестираат во домашно производство. Така самите тие ќе ги спуштаат цените. Сами ќе одговараат за постојаното движење на цените. Инфо платформата само ќе обезбеди квалитетни информации, не само за граѓаните, туку и за производителите и трговците. Да го спознаат однапред пазарот, потребата и количината, за да произведат согласно таа потреба. Тоа доведува до сите учесници информации за објектите на трговијата. Така ќе добиеме и слободни трговски правила и решавање на спорови. Ќе намалиме илјадници спорови по судовите. Ќе заштедиме пари во судството и ќе ги пренамениме во обука на нови судии од новата генерација.
Преку „стимулирачки буџет“, ќе ставиме во промет нови пари, ќе се пуштат во оптек огромни суми на пари. И преку банките до граѓаните и компаниите, но и дирекно преку плати и субвенции. Дури и награди во пари за тие кои најмногу трошат. Кој повеќе ќе потроши, тој повеќе пари ќе добие. Кој најмногу ќе инвестира, тој најлесно ќе дојде до екстра кредити со ниски каматни стапки. Ќе ги пуштиме во оптек граѓанските заштети, и ставиме на располагање на потрошувачки ориентираната економија. Трошете за да имате, ќе биде нашата порака!
Тоа е таа наша визија за пазарна економија во Македонија, систем кој се базира на слобода на избор, приватната сопственост и конкуренција. Се гарантира слобода на потрошувачите, бидејќи тоа дава слобода на избор во пазарот на храна и други стоки и услуги. Главната движечка сила на пазарната економија и главен мотив за нас е народот да има максимална корист, а производителите – максимален профит. Основа на здрава конкуренција е комплетна слобода на избор, слобода на пазар, а не замрзнати цени на комуната.
Државата, државни фирми ќе бидат забранети да учествуваат на пазарот. Нема да има ценовна дискриминација, туку целосна информации за цените и апсолутна мобилност на ресурсите. Државата не смее да биде конкуренција на приватното производство, може само да биде гаранција за немешање на трети страни, како криминална, нелојална конкуренција. Нашата влада ќе се појавува само како организатор, кој ги одредува правилата на игра на пазарот и внимателно го следи спроведувањето на овие правила. Така ќе дојдеме до богат народ!
Петар Богојески, докторанд на економски науки, е лидер на политичка партија Македонски Концепт и силен поддржувач на слободната пазарна економија.