СРБИЈА грант од 600 милиона, МАКЕДОНИЈА отчет пред газда СОРОС

Балкан, Македонија

Наводно антиевропската Србија, лапна европски грант од 600 милиона евра од самата ЕУ, а јако европската Македонија го лапна на газда Сорос, на кој премиерот Таче му даде отчет како мало дете.

Во исто време пристигнаа две вести. Едната од Владата на Србија, за договорот за реконструкција на пругата Белград-Ниш, кој ќе биде финансиран со донацијата на Европската Унија од околу 600 милиони евра, ќе биде потпишан на крајот на февруари, и другата од Владата на Македонија за средбата на премиерот Ковачевски со Џорџ и Александар Сорос, на кои тие му реферирале за нивното измеќарство за наводни вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, на „северно подкосовље“ кое го владеат и уништуваат.

Според лидерството на СДСМ – бугарска секција, тие биле заколнати на истите вредности за кои се залага и Фондацијата отворено општество на газда Сорос, а според нив Македонија нема потреба од грантови и нови железници од ЕУ, туку доволна била отвореноста на државата за развој на демократијата, владеење на правото, преку кои ќе правеле развој на економијата, нови инвестиции од домашни и странски компании и сл. тракатанци.

Донацијата на ЕУ за реконструкција на железницата е најголемиот поединечен грант за проекти што Србија ги добила од ЕУ. Договорот за реконструкција на пругата, кој ќе чини вкупно 2,2 милијарди евра, ќе биде потпишан на крајот на февруари, а на настанот ќе присуствуваат и претставници на државниот врв и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Водечки финансиер на реконструкцијата на пругата Белград-Ниш е Европската инвестициска банка која одобри заем од 1,1 милијарда евра. Европската банка за обнова и развој издвои 550 милиони евра, а дел ќе се финансира од српскиот буџет. Грантот од ЕУ во износ од 600 милиони евра е преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Каде е Македонија со Сорос на чело???

Македонија освен што се занимава со глупостите наречени „едно општество за сите арамии“ на зајковци, нема ништо друго, додека Србија прави реконструкцијата на пруги и автопати и тоа со пари на ЕУ.

Само во рамки на овој проект ќе се реконструира пругата во должина од околу 230 километри. Квалитетот на патничките и товарните услуги ќе биде значително подобрен, бидејќи возовите, кога ќе заврши линијата, ќе можат да се движат со брзина до 200 километри на час. Македонија тони во сиромаштија и беда со 250км на час.

Делницата во Србија треба да биде завршена до 2029 година, така што до крајот на оваа деценија патниците ќе можат да патуваат со брза железница од Ниш до Белград, а потоа до Будимпешта, а Македонија треба да биде довршена од зајковци до 2030 година, така што до крајот на оваа деценија Македонците ќе останеме без татковина.

Во изминатите 15 години, ЕУ беше вклучена во финансирањето на модернизацијата на пет клучни железнички делници во Србија, а во Македонија беше вклучена во спроведување на бугарско решение со француска приказна.

Железничката пруга Белград-Ниш е дел од трансевропската транспортна мрежа и затоа е во интерес на Европската унија да ја модернизира. Многу европски коридори минуваат низ Србија, така што некои земји од ЕУ без Србија всушност немаат железничка врска со другите земји-членки.

Како разултат на тоа, Македонија од клучка на европските коридори, со зајковци на чело стана слепото црево на ЕУ, во кое завршува само ѓубрето за горење во скопските топлани и фабрики и се труе македонскиот народ. Малку ни е, повторно кај Сорос да се расплачеме!