
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со грешките на ЕУ
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
ЕУ знае често да направи грешки со Македонија, а потоа вината да ја бара на погрешни места.
Се сеќаваме на Лисабонската декларација, со која ЕУ буквално побара од нас да се самоукинеме… па се повлече.
Е сега сме на истото, повторно после 30 години!
Францускиот предлог го бара истото од нас, како и Лисабонската декларација!
ЕУ мора повторно да се освести, па францускиот предлог мора час поскоро да исчезне, како што исчезна „лисабонскиот предлог“!
Во спротивно, ЕУ ќе исчезне во Македонија!
Бидејќи директен катализатор за антиЕУ и песимистичко расположение во Македонија, е токму „француската глупост“!
Само има една разлика, тогаш Македонија имаше по некој паметен и достоинствен политичар, па имаше и кој да ја одбрани!
Исто и ЕУ ја водеа паметни и посветени политичари, па имаше кој да разбере и врз база на „фундаменталните вредности“ да се повлечи!
Денес за жал, непрокопсани ја водат и Македонија и ЕУ… па можно е работата да фати правец – Москва! За жал!
А има време и простор, како „задолжителната“ Лисабонска декларација, така да исчезне и „задолжителниот“ француски предлог, за да фатиме правец кон Брисел!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!