МЕЏИТИ му се закани на АХМЕТИ за болвата Груби

Политика

Таканаречената Огнена група или Hot Boys како би ги нарекло Калето, денеска му се заканија на Ахмети, преку дирекна порака од нивниот лидер Меџити наменета за Ахмети.

Имено, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити му порача на лидерот Али Ахмети да не „го гори јорганот за една или за неколку болви“ во партијата. Алузијата се однесува на првиот вицепремиер Артан Груби, за чија работа оваа група има низа забелешки, објави ТВ Алсат.

– Вечерва почнавме со Студеничани, затоа што Студеничани отсекогаш бил иницијатор на процесите, и на УЧК, и на бомбашите, и на студентите. Секогаш сме биле и остануваме со Али Ахмети.

Но, му упатуваме од овде пријателска порака да не го гори јорганот поради една болва или неколку болви, рече на средбата Меџити, објави ТВ Алсат.