
НОВОГОДИШНИ ОБРАЌАЊА: 2023 година на РЕШЕНИЈА, Богојески од МКонцепт
Тимот за комуникации на новата партија Македонски Концепт достави за објава новогодишно обраќање на Петар Богојески, лидер на партијата.
Во честитката Богојески порачува дека 2023 година може да биде година на РЕШЕНИЈА:
„Почитувани граѓани,
зад нас е една исклучително тешка година. Проблемите кои ги доживеавме оваа година, не посакуваме веќе никогаш да ни се повторат.
Меѓутоа новогодишната маѓија, нема да направи тие да исчезнат, и од 01.01.2023 година да бидеме безгрижни и без проблеми.
За да ги исчистиме проблемите од минатото, и да излеземе од сите тие кризи, потребни ни се РЕШЕНИЈА!
Во новата 2023 година, посакувам решенија за сите наши проблеми, и национални и државни и семејни и лични.
Посакувам во таа година, да стигне Томосот од Стамбол, посакувам конечно еднаш да ги започнеме вистинските преговори со Европската Унија, и да го тргнеме бугарското прашање од дневен ред.
Посакувам спокоен живот, и да започнеме да расчистуваме со сиромаштијата во земјава.
Посакувам секој од нас, да имаме среќа и радост во домовите!
Среќна нова 2023 година!
Се гледаме во новата година, со уште посилен активизам и со посилно дејствување на планот за решавање на проблемите.“
Краткото обраќање од помалку од минута може да го погледнете на следен линк: