СКАНДАЛ: БУГАРСКАТА руска измеќарска црква, не ја признава МПЦ – ОА под уставно име

РЕЛИГИЈА

Скандалозна одлука донел Синодот на Бугарската православна црква, откако пред три дена во Софија беше вториот човек на Руската православна црква, шефот на руската црковна дипломатијата, бандитот наречен митрополит Антониј.

Информацијата се уште не е официјално објавена, но се очекува денеска Синодот на БПЦ во соопштение да ја обедлодени, известува Религија.мк.

Сепак, според информациите на овој медиум, кои се веродостојни, бугарските владици како докажани руски измеќари, по наредба од руската болшевичка црква одлучиле да се лигават на Србите и да го признаат Томосот што СПЦ го издаде за автокефалност на МПЦ-ОА, но половично!

Што тоа значи? Значи дека за Бугарите, МПЦ-ОА ќе била автокефална црква, но решиле да ја прекрстат и да и дадат друго име, не она кое Србите го признаа. Па така наместо МПЦ-ОА, за БПЦ во иднина МПЦ-ОА ќе биде „православна црква на/во Република Северна Македонија“.

Според информациите на Религија.мк, бугарските владици одлучиле да ја преименуваат и титулата на Архиепископот Стефан и од нејзе целосно да го исфрлат терминот „Охридски и Македонски“. БПЦ во својот диптих ќе го заведе Архиепископот Стефан како „Архиепископ Скопски и на Република Северна Македонија“.

Со ова глупите Бугари со го навлекоа целокупниот гнев на Македонците и за промената на името и за гревовите на Грците и за непризнавањето од Србите. Самите себе се прогласија за најголеми душмани на Македонците и Македонија, во име на сите останати негатори.

Високи црковни извори од БПЦ, за Религија.мк велат дека ваквата одлука бугарските владици ја темелеле, на како што велат некои од нив: „слободниот простор за именување на Црквата во Скопје, што го оставал Томосот на СПЦ“. Тоа е алиби за бугарските измеќари да се вадат на српските одлуки, што нема врска со реалноста. Бугарите се најголеми патолошки мразачи на се македонско, бугарскиот шовинизам кон Македонија го покажуваат на секој чекор.

Но, иако Вселенската Патријаршија веќе одлучи дека МПЦ-ОА ја враќа во канонско единство како „Охридска Архиепископија“, со што практично и овозможи 1000 годишен континуитет на црковно наследство, архиереите на бугарската измеќарска црква, веројатно исплашени од тоа, бидејќи се живковистички и кгб агенти од нивното постоење, одлучиле тоа да го оспоруваат и сами да и дадат друго име на нашата Света Македонска Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија и Јустинијана Прима.

Но, во целата оваа ситуација се чини дека најспорно е однесувањето на руската болшевичка црква. Нејзиното влијание врз бугарската измеќарска црква е неспорно и сосема јасно, а тоа се гледа и од оваа одлука, што е директен резултат на нејзиниот притисок преку вториот човек на РПЦ, кој беше во Софија, но влијанието се огледа и од одлуката на Синодот на БПЦ да не одлучува за автокефалноста на православната црква во Укарина, што исто така било точна на дневен ред.

Тоа значи дека бугарските измеќари под влијанието на руската црква, одлучија да ни објават војна и на Македонците и на Украинците. Уште потрагично е тоа што РПЦ ја призна МПЦ – ОА под уставно име, а на бугарските измеќари им наложи да стојат на нивните живковистички соништа за некакво си бугарсако право врз Охридската Црква и врз Македонија, со што ги возобновува руските амбиции за голема проруска измеќарска Бугарија на Балкан.

А тоа секако значи дека Бугарите повторно ќе го кркаат и следните 100 години ќе плачат за новата четврта им национална катастрофа.

Прашањето е дали русофилските елементи во македонската нација и оние внатре во МПЦ-ОА, конечно ќе се разбудат и ќе разберат дека интересот на руската црква не е воопшто автокефалност на МПЦ-ОА, туку МПЦ-ОА да ја направат црква дел од рускиот црковен свет, како инструмент против украинската автокефалност.

Инаку, иако веста за одлуката на БПЦ се уште не е обелоденета, поткрепа на информациите на Религија.мк, даваат и неколку бугарски медиуми, кои вечерва извесуваат за „полн успех на Руската црква“ и за „новата улога на БПЦ во руската црковна дипломатија“.