
ТЕШКО ГРАЃАНИТЕ: Ниту три минимални плати не покриваат месечни трошоци
Минималните месечни трошоци за едно четиричлено семејство во месец ноември изнедувале 51.714 денари, а се за 200 денари зголемени во однос на октомври и 1.490 денари во споредба со септември.
Според пресметките на Сојуз на синдикатите на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци минимум 12.983 денари.
Тоа е повеќе од половина од синдикалната минимална кошница, што запали црвен аларм кај платениците на власта во т.н. синдикални организации.
Останатите средства, 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена, а 2.250 денари минимум за облека и обувки.
За социјален живот на граѓаните им остануваат дури 1.067 денари, а за здравствени услуги високи 799 денари, со кои не може да се плати ниту паркинг во Клинички центар.