СИТЕ ГО ЧЕКААТ ПОТЕГОТ НА ПУТИН: Русија може да употреби разорно специјално оружје по повлекувањето од Херсон, а не е нуклеарка!

Политика, Свет

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да користи „тактички електромагнетен пулс“ – моќно оружје што ја оневозможува електрониката и може да ја остави цела Украина без светлo, греење, комуникации или сообраќајни врски, пишува за Фајненшл тајмс Роџер Пардо-Маурер, поранешен помошник на заменикот на американскиот министер за одбрана и ветеран во воините во Ирак и Авганистан.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со генералот Сергеј Суровикин, командант на здружените сили во зоната на специјални воени операции, најави дека армијата треба да се повлече на левиот брег на Днепар.

Русија ќе ги повлече војниците од клучниот украински град Херсон, единствениот регионален центар што го зазедоа од почетокот на инвазијата, пишува Би-Би-Си.

Светот до сега се занимаваше со можноста Русија да фрли тактичко нуклеарно оружје или да употреби „валкана бомба“, а стравот од ваквото сценарио е уште поголем по руското повлекување од Херсон.

Но, тоа не е единственото моќно оружје со разорни последици што го има на располагање Владимир Путин, пишува Пардо-Маурер.

Многу е можно да се употреби оружје кое создава моќен енергетски пулс или нарушување и доведува до краток спој во електричната опрема како што се компјутери, генератори, сателити, радари, па дури и семафори над областа каде што функционира. Тоа би значело дека со еден удар тој би можел да ја стави надвор од функцијата воената и цивилната инфраструктура на Украина.

Иако Путин се закани со нуклеарна бомба на почетокот на војната, користејќи го стравот како тактичка предност за брзо напредување, и иако тактичкото нуклеарно оружје – помалку моќна атомска бомба – постојано се споменува до ден-денес, западните разузнавачи не веруваат дека Путин ќе прибегне кон такви средства, во голема мера затоа што ситуацијата на теренот е неповолна за ефектот на таквата бомба врз конвенционалните воени сили или герилските групи.

Меѓутоа, употребата на тактичко нуклеарно оружје за електромагнетно војување е друга работа, според американскиот експерт.

Тоа не е, пишува Пардо-Маурер за Фајнаншел Тајмс, оружје што би создало нуклеарен облак во облик на печурка, туку необична „електрична синкава топка во облик на медуза која би пулсирала во воздухот, по што таму би настанало тишина“. Релативно мал нуклеарен ЕМП, кој лесно би можел да биде лансиран на голема височина од руската хиперсонична крстосувачка ракета Циркон, и веројатно нема да може да уништи згради или да убие некого, но може трајно да ги уништи електрични кола на површина од најмалку 2.500 квадратни километри.