
(ФОТО) Како изгледа сестрата на кралицата Камила? Ќе се изненадите, но зошто ја крие?!
Никогаш не ја покажува ниту спомнува во јавноста, па многумина се прашуваат зошто новата кралица Камила, сопругата на кралот Чарлс Трети, ја крие својата сестра?
Камила е најстарото дете во нејзиното семејство, а нејзината помала сестра речиси никогаш не се појавува во јавноста.
Сепак, кралското семејство одржува добри односи со помладата сестра на сопругата на кралицата, Анабел Елиот, па таа и се придружи на Камила на церемонијата на доделување книжевни награди.
Сестрите се појавија и привлекоа внимание со својот стајлинг, но и со својата неверојатна сличност, толку слични се што некои мислеа дека се близначки.
Анабел се занимава со антиквитети и внатрешен дизајн, поточно, таа е сопственичка на антикварница која успешно ја води веќе три децении.
Колку е успешна покажува и фактот што во 2014 година беше прогласена за петта највлијателна дизајнерка на ентериер во Велика Британија.
Стилот на облекување им е идентичен, а кога ќе се појават заедно во јавност (во ретки прилики) се облекуваат речиси во идентична гардероба, па лесно може да ги „помешате“ ако не сте им доволно близу.