
Кинеските тајни служби знаат повеќе за планот на Путин: „Бегајте од Украина, сè ќе гори, ќе биде катастрофа!“
Кинезите наредија итна евакуација на нивните граѓани од Украина, им било кажано да ја напуштат земјата за да спасат животи и имот, велат дипломатски извори.
Се чини дека на Украина и се заканува опасна ескалација на конфликтот, а не е исклучена катаклизма од големи размери, се наведува во тајните документи на кинеските разузнавачки агенции, по што следеше официјален повик до кинеските граѓани веднаш да ја напуштат земјата.
Русите вчера жестоко го нападнаа Киев со беспилотни летала камикази, додека, од друга страна, Москва им нареди на граѓаните итно да ги испразнат гаражите и да изградат засолништа. Нападите продолжуваат и денес.
– Сето ова укажува дека нешто опасно се подготвува. Пред две недели Кина ги информираше своите граѓани, односно амбасадата, претставниците на бизнисот, медиумите и невладиниот сектор дека треба да се подготват за евакуација.
Тие беа должни да го известат секој кинески граѓанин поединечно дека ќе мора да ја напуштат Украина бидејќи на таа земја, уништена од војната со Русија, сериозно и се заканува катаклизма.
Се беше направено внимателно за да се избегне паника и хистерија, а операцијата за евакуација да биде успешна и без да предизвика хаос. Се стравува дека новата фаза од војната може да однесе илјадници животи – вели соговорникот на српскиот портал Републиката од дипломатските кругови.
Имајќи ги предвид блиските односи на Кина со Русија, додава тој, оваа реакција на Пекинг укажува дека Москва можеби подготвува ескалација на инвазијата на Украина.
– Поради актуелната безбедносна ситуација во Украина, кинеското Министерство за надворешни работи и Амбасадата во Киев ги повикуваат кинеските граѓани да ги зголемат мерките на претпазливост и да се евакуираат. Амбасадата ќе помогне да се организира евакуација на луѓето кои имаат потреба – објави кинеската државна новинска агенција Глобал Тајмс на Твитер.
Повикот уследил по ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина, особено по нападот на мостот на Крим на 9 октомври, што предизвика остар одговор од Москва, вклучително и ракетни напади во украинските градови.
– По нападот на мостот на Крим, цивилната инфраструктура стана цел на воени конфликти, што очигледно е ескалација на бојното поле. Нашата евакуација овојпат е повеќе рано предупредување бидејќи правиме максимални напори да избегнеме оштетување на имотот на нашите граѓани, како и да ги спасиме нивните животи – изјави кинескиот функционер.