КИНЕЗИТЕ ПРЕДИЗВИКАА СТРАВ ВО ЕУ! Го запираат извозот на гас, Европа се подготвува за тешка зима!

Свет

Стравот од зимски дефицит го принуди Пекинг да го прекине извозот на гас, пишуваат медиумите.

Кина им порача на своите државни увозници на гас да престанат со препродажба на течен природен гас (LNG) на странски купувачи бидејќи владата има цел да обезбеди сопствено снабдување на нацијата за зимската грејна сезона, објави денес Bloomberg.

Луѓето запознаени со ова прашање изјавија за весникот дека Националната комисија за развој и реформи побарала од PetroChina, Sinopec и CNOOC да ги задржат своите зимски резерви за домашна употреба. Иако продажбата понуди одредено олеснување за европските купувачи, брзото надополнување на залихите и рекордно високите трошоци за испорака, исто така, ја намалија привлечноста за повторно испраќање на горивото, велат изворите.

Домашната побарувачка за енергија во Кина е намалена во последниве месеци, што го натера Пекинг да го препродава вишокот ЛНГ на глобалниот пазар.

Меѓу нејзините клучни клиенти беа Европа, Јапонија и Јужна Кореја.

Податоците покажуваат дека испораките на гас од Русија во Европа паднале од 40% на 9%, а увозот на ЛНГ во ЕУ се зголемил за 60% во споредба со претходната година, и покрај тоа што е многу поскап од испораката на гасоводот.