Уште една мистериозна смрт во Русија, офицер на Путин пронајден мртов!

Свет

Висок руски воен офицер е пронајден мртов во близина на неговиот дом во источна Русија.

Еден од шефовите за регрутирање на Владимир Путин е пронајден мртов под „сомнителни околности“, пишува Дејли Стар.

Руските власти покренаа истрага за убиство откако беше откриено телото на потполковник Роман Малик (49), иако не е исклучена можноста тој да си го одзел животот.

Некои извештаи тврдат дека тој бил пронајден обесен. Неговото тело е откриено во неговата куќа во село во Приморската област на источниот брег на земјата.

Пријателите и семејството на Малик тврдат дека тој не се самоубил.

Чеченскиот ветеран бил задолжен за регрутирање во областите околу Приморкс и регионот Партизан.

Тој беше опишан како „силен и храбар човек“ кој „не бил скршен од тежината на тешките воени настани и големите загуби“.

– Беше човек од збор и дело, познат и почитуван во градот по чесноста – додаде пријателот.

Имаше серија напади врз канцелариите за мобилизација во последниве недели, a се верува дека дел од населението се фрустрирани од новата политика на делумна регрутација во земјата. Според извештаите,  околу 70 полицајци биле погодени со молотови коктели во знак на протест.

Луѓето се лути и затоа што некои од регрутираните мажи не се обучени, и покрај тоа што Путин рече дека на фронтот ќе бидат испратени само мажи со претходно или соодветно искуство.

Се тврди дека Путин сè уште бара дополнителни 80.000 луѓе за да ја достигне целната бројка од 300.000.

Но, и покрај сите тврдења за успех и застрашувачкиот број мобилизирани, се смета дека стотици илјади мажи ја напуштиле земјата за да избегнат регрутирање.