
Украински дипломати го пцуеле, а сега му бараат пари: Маск објасни зошто нема да плаќа Старлинк за украинската војска
Основачот на SpaceX и Tesla, Илон Маск, објасни зошто има намера да престане да плаќа Starlink Интернет на Украина, кој особено ѝ служеше на украинската војска.
„Ние само го следиме неговиот совет“, напиша Маск на својот Твитер профил, мислејќи на поранешниот украински амбасадор Андриј Мелник.
Имено, на 3 октомври, екс-амбасадорот непристојно го пцуеше американскиот милијардер и го советуваше да „излезе“ откако тој го откри својот план за мирно решавање на кризата во Украина.
Маск предложи да се одржат повторени избори во регионите кои станаа дел од Русија под надзор на ОН. Во исто време, претприемачот истакна дека Крим треба да остане дел од Руската Федерација, „како што беше од 1783 година (пред грешката на Никита Хрушчов)“, мора да се гарантира снабдувањето со вода на полуостровот, а Украина треба да добие неутрален статус.
На 14 октомври, CNN објави дека Маск побарал од американското Министерство за одбрана да ја финансира мрежата Starlink во Украина, бидејќи неговата компанија повеќе нема да го прави тоа.
Се претпоставува дека одделот за одбрана ќе треба да потроши до 120 милиони долари само оваа година за одржување на мрежата на украинска територија.